Услови и правила
Прибирање и обработка на лични податоци
Лични податоци се информациите кои ве карактеризираат вас, на пример, вашето име, вашата адреса, било да е e-mail или поштенска. ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА - БИТОЛА не прибира податоци од вас, освен ако не е за конкретна намена, на пример, да купите карта.
Користење и чување на личните податоци
ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА - БИТОЛА ќе ги користи вашите лични податоци исклучиво за технички потреби, за да ви овозможи пристап до специфични информации, или за општа комуникација со вас. Вашите лични податоци ќе бидат искористени за точна и навремена резервација на карти, за анализа и подобрување на нашиот веб сајт, како и за подобрување на понудата на карти и други ваши барања во иднина. ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА - БИТОЛА нема да ги продаде ниту открие вашите лични податоци на трета страна, ниту било каде на пазарот!!!. Вработените во ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА - БИТОЛА обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.
Заштита на Вашата сметка
Вашата лозинка е клучот од Вашата сметка. Вашето корисничко име и лозинка треба да се разликуваат и да Ви бидат познати единствено Вам. Доколку Вашето корисничко име е идентично со Вашата лозинка, возможно е лесно користење на Вашиот идентитет за најава во системот. Користете броеви, букви и специјални знаци и не ја откривајте Вашата лозинка никому. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб страница со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер до кој само ние имаме пристап. Користиме HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите и контрола врз Вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски водени активности направени во Ваше име. Заради тоа, доколку Вашата лозинка е компромитирана од која било причина, веднаш известете нè и направете промена на лозинката.
Безбедност
ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА - БИТОЛА се обврзува да ја заштити безбедноста на вашите лични податоци. Вашите податоци грижливо се чуваат од губење, уништување, фалсификување и неовластен пристап.
Малолетници
ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА - БИТОЛА им препорачува на сите родители и старатели да ги учат своите деца како безбедно и одговорно да ракуваат со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да му даваат лични податоци на ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА - БИТОЛА без дозвола од своите родители или старатели. ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА - БИТОЛА никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на било каков начин, ниту пак да ги проследи на трета страна без дозвола од родител или старател.
Право на информации
Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив, ве молиме контактирајте не ckbitola@yahoo.com На ваше барање, ќе бидете во најскоро можно време информирани кои од вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на вашите посети на страната на ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА - БИТОЛА.
Објавување на промени
Доколку има некои промени во нашата политика за заштита на личните податоци, тие ќе бидат објавени во оваа изјава за заштита на личните податоци, на почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни.
Последна промена
Декемви 2022 г. Во никој случај нема да ги злоупотребуваме вашите лични податоци. Никогаш нема да ги делиме со трета страна, освен ако законот го бара тоа од нас. Никогаш нема да ви праќаме e-mail пораки за кои вие не сте дале согласност.
Давање на услуга
Картите за филмови и настани, кои се добиваат преку нашиот онлајн систем, се доставуваат веднаш по успешната трансакција преку електронска пошта. За најавените корисници, истите картите се достапни и во профилот на корисникот, обезбедувајќи дополнителна леснота и прегледност. Важно е да се напомене дека за овој сервис не се обезбедува достава на физички карти. Нашата организација се посветува на дигитални и современи методи на обезбедување на билети, обезбедувајќи ја брзината и ефикасноста на онлајн купувањето